Thursday, Mar 28, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосВечерва спектакуларна глетка – не го пропуштајте метеорскиот дожд

Вечерва спектакуларна глетка – не го пропуштајте метеорскиот дожд

Астрономите најавија метеорски спектакл за неколку часа. Вечерва се очекува максимумот на метеорскиот дожд од Персеидите кои секоја година, во август може да се видат на небото.

Ова е сигурно една од најубавите космички појави текот на годината и најнабљудуваниот метеорски дожд од сите. Временските услови се погодни, надвор е топло, голем дел од луѓето се некаде на одмор, надвор од градските средини, што го остава небото чисто за набљудување.

Овој рој е активен од 17 јули до 24 август. Максимумот се очекува вечерва и тоа од 1 до 3.30 часот (рано наутро). Во тој период се очекуваат од 50 до 200 метеори. Како што кажува и името, радијантот на овој рој (за време на максимумот) се наоѓа во соѕвездието Персеј.