Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСВечерва прашајте го партнерот…..

Вечерва прашајте го партнерот…..

 

Сигурно со својот избраник разговарате за многу теми, мислите дека до сега го запознавте доволно. Но понекогаш ниту себе не се познаваме доволно. Затоа не брзајте со заклучоци. Секој нов ден се запознаваме себе и луѓето околу нас. Ви предлагаме неколку прашања кои ќе ви помогнат да дознаете каде ве води врската во која сте се впуштиле. Но не брзајте, за прашањава сигурно имате повеќе време од една ноќ

“Како го замислуваш семејството, кои се најважните вредности кои треба да владеат во твојот дом”

,,Има ли нешто што сакаш да го правиш, а моето присуство те спречува во тоа?”

,,Како се замислуваш себе за десет години од сега”

za tekst

,,Има ли нешто за што си посебно лут и не можеш да го искорениш, како јас можам да ти помогнам?”

,,За што се каеш во животот”

,,Кој е твојот најубав спомен од детството”

,,Каков однос имаше со своите родители кога беше зависен од нив”

,,Што би купил прво ако добиеш на лото”

,,Има ли одлука од која се срамиш во животот”

,,Повеќе сакаш да те сакам или да те почитувам”

Дел од овие прашања можат да ви бидат од корист доколку планирате сериозна врска која може да ве одведе во брачните води