Friday, Apr 19, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосВечерва ќе светне Сина Месечина-промени ,,сега или никогаш"!

Вечерва ќе светне Сина Месечина-промени ,,сега или никогаш"!

Вечерва на небото ќе има полна Сина Месечина во знакот на Водолија. Месечината нема да биде “сина” во вистинска смисла на зборот, туку станува збор за термин кој се користи за втората полна месечина во период од еден месец. Првата полна месечина овој месец беше на 1 јули во знакот на Јарец. Сината месечина е толку ретка појава што во англискиот јазик означува нешто што ќе се случи – сега или никогаш.

sina 2

Астролозите објаснуваат дека ова е крај на предизвиците и на лекциите што почнале во 2012 година.

– Ова е космички настан без преседан, вистински месец на транзиција. Ова за нас ќе значи конечно донесување на одлуките што сме ги одложувале. Сега настапуваат шанси што се случуваат само еднаш во животот и настани што можат да ги обележат нашите животи. Кога Венера, планетата на љубовта, се поврзува со Месечината, се случува големо влијание врз љубовта. На Сина месечина се случува љубов каква што може да се случи само еднаш во животот – велат астролозите .

Тие сметаат дека Сината месечина е вистински момент за откривање на чувствата, па тие што се сомневаат во својот брак, сега можат да пресечат, а тие што долго биле заглавени во стара љубов, сега решаваат да направат нов чекор кон нова врска.

– Нашите души сега се на работ на нешто големо, нешто што се подготвува од 2012 година. Се подготвува важен дел од сложувалката – тврда астролозите, додавајќи дека не постои совршено време за нешто, но ова време е подобро од многу други.

 

 

.