Monday, Jun 26, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРВечерва ќе одекнат тапани во Галичник-започнува 42 Галичка свадба

Вечерва ќе одекнат тапани во Галичник-започнува 42 Галичка свадба

Ќе се испреплетат 30тина свадбени обичаи, ќе се слушнат тапани и ќе се допрат традицијата и современото живеење. Вечерва во 19 часот со китење, редење на бајракот и фрлање пушка во вила „Доста“ започнува 42 Галичка свадба, како основно обележје на ,,Галичко лето”.

TAPANI 1

Младенците Биљана Гегова и Филип Белчев денес ќе го оставарт својот сон, а организаторите очекуваат  голем број посетители од земјава и од странство да ја проследат манифестацијата, која нуди уникатно  доживување поради автентичните носии на учесниците во свадбарските обичаи и амфитеатралниот амбиент на Галичник.

Галичката свадба трае два дена, а во склоп на ,,Галичко лето” оваа година ќе има и ликовна и книжевна колонија.