Wednesday, Dec 13, 2017
HomeАНТИСТРЕСЖуркиВечерва Dj Allegra за прв пат во Скопје

Вечерва Dj Allegra за прв пат во Скопје

djallegra

Ако сè уште не знаете каде ќе ја поминете саботната вечер, еве го нашиот предлог – вечерва во Club Privilege за прв пат ќе настапи талентираната и перспективна Матеа Борисиќ од Загреб, или попозната како Dj Allegra.

Нејзиното искуство бележи заедничка соработка со голем број музички имиња како што се David Morales, Gramophondzie, Freemeasons, Sasha Lopez и многу други. Досега најчесто настапувала во дискотеките во Хрватска, Словенија, Австрија и Босна и Херцеговина.