Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВечер со „Фолтин“ на „Битфест“

Вечер со „Фолтин“ на „Битфест“

Организацијата на манифестацијата „Битфест“ го најавува настапот на мегапопуларните „Фолтин“ кои вечерва ќе настапат на летната сцена на Тумбе Кафе.

Пеце Николоски, Бранислав Николов, Пеце Трајковски, Гоце Јованоски, Славчо Јовев и Маријан Станиќ ќе ја забавува битолската публика со својата духовита, страсна и жива музика. Во најавата за нивниот настап, организаторот на оваа манифестација го опиша пристапот во градењето на атмосферата на членовите од групата како непредвидлив и оригинален.

„Фолтин“ постојат 18 години, имаат седум самостојни албуми, музика за над дваесет театарски претстави и бројни настапи во Македонија и во повеќе земји од светот.