Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисВавринка: Ми беше тешко да играм со вирус

Вавринка: Ми беше тешко да играм со вирус

Швајцарскиот тенисер Стан Вавринка изјави дека изјави дека вирусот го спречил да пружи подобра партија против Милош Раониќ во борба за четвртфинале на Австралијан Опен. „Имав тешки десет дена, добив вирус по доаѓањето во Мелбурн. Пред натпреварот ми беше многу тешко. Ми беше тешко да се правам дека не сум болен и да се натпреварувам во исто време“, изјави Вавринка. Раониќ после натпреварот изјави дека се обидел да ја игра својата игра, да го диктира темпото и да го контролира централниот дел од теренот.

„Милош Раониќ одигра многу добар натпревар, се форсираше, а јас немав најдобри движења. Се изненадив сам себе што успеав да издржам пет сета, позитивно е тоа што се борев, не сакав да се откажам и да не го пружам максимумот. Во третиот и четвртиот сет почнав да се чувствувам подобро и успеав малку да се вратам во натпреварот“, заклучи Вавринка.