Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисВавринка: Федерер губеше и само по три натпревари во сезона

Вавринка: Федерер губеше и само по три натпревари во сезона

Стан Вавринка истакна дека не сака да го споредува Новак Ѓоковиќ со Роџер Федерер и Рафаел Надал. „Тој е број еден и го освојува секој можен турнир. Минатата година беше неверојатен, но ако ја погледнеме кариерата на Роџер, мислам дека имаше и години во кои тој губеше само по три натпревари во сезона. Рафа исто така имаше сезони како минатата на Ѓоковиќ и затоа не би сакал да ги споредувам. Тешко е да се одреди кој од нив бил најдобар во свое најдобро издание, но она што моментално го прикажува Ѓоковиќ е навистина неверојатно“, изјави Вавринка. Вавринка беше еден од ретките тенисери кој успеа да годобие Ѓоковиќ на Грен Слем турнирите- во Мелбурн 2015 и минатата сезона на Ролан Гарос. „На Грен Слемовите се обидувам да пронајдам решение за него и мислам дека можам да го победам поради својот начин на игра. Ќе биде тешко да се совлада оваа сезона, но мислам дека и останатите знаат дека ќе има прилика за да се направи тоа“, додаде Вавринка.