HomeДЕНЕШНАСветВатиканските кардинали не даваат „амин“ за Мекдоналдс ресторан

Ватиканските кардинали не даваат „амин“ за Мекдоналдс ресторан

Поголем број на кардинали кои служат во Ватикан се побуниле поради отварањето на ресторан за брза храна на Мекдоналдс со кој сметаат дека се врши комерцијализација на светото место.

„Тоа е перверзна и контроверзна одлука. Отворањето на ресторанот на американскиот синџир за брза храна кај Базиликата на свети Петар во Ватикан без секакво почитување кон едно од архитектонските најважни места кој гледа на колонадата на свети Петар, “, изјави кардиналот Елио Сгрециа за дневниот весник La Repubblica .

Сепак, одлуката е донесена од страна на телото на Ватикан кое се занимава со прашања за недвижниот имот и објектите, па кардиналот Доменико Калгањо смета дека нема ништо спорно во одлуката. Во секој случај не очекувајте папата Франциско да јаде Биг Мек во скоро време.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com