Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВатикан потпиша историски договор со Палестина

Ватикан потпиша историски договор со Палестина

Ватикан вчера потпиша историски прв договор со Палестина, две години по официјалното признавање за држава во февруари 2013 година. Договорот, за кој се преговараше 15 години, принципиелно беше договорен минатиот месец што наиде на остра осуда од страна на Израел, кој го оцени како пречка за мировниот процес.
palestina
Договорот се однесува на животот на активноста на црквата во Палестина. Признавањето на Палестина од страна на Ватикан следеше по гласањето за признавање на Палестина во Генералното собрание на ОН. Претставници на Ватикан објаснија дека тоа ја одразува желбата на црквата конфликтот во Светата земја да се реши преку „две држави“. Палестинските власти го сметаат Ватикан како 136 земја што ја признава Палестина како држава, иако бројот на земји е спорен. Признавањето од неколку земји кои сега се членки на ЕУ датира од времето на комунизмот.