Thursday, Mar 30, 2017
HomeГИГА БАЈТПЦВашиот профил и Google – Има некоја тајна врска

Вашиот профил и Google – Има некоја тајна врска

Сите кои користат Google апликации се согласуваат на одредени услови кои да бидеме ретко кој детално ги чита, па затоа излегуваат параноични теории дека нашите податоци се злоупотребени. Доколку сметате дека Google премногу знае за вас, за секој потег што го правите на интернет, за секоја отворена апликацијс и сервис, донекаде сте во право, но овие податоци се наменети и достапни само за вас.

google maps ios and androidGoogle регистрира најмалку шест вида на информации поврзани со вашиот кориснички профил, а тоа се локациите кои сте ги посетиле и споделиле преку GPS, секако со ваша дозвола, на пример преку смартфонот од Google Maps. Доколку ве интересира дали Google знае каде се сте биле во изминатиот период отворете го менито maps.google.com/locationhistory.

Следната категорија која може да ја проверите е историјата на внесените термини во пребарувачот на Google. Ако сметате дека истите непотребно се складираат историјата може целосно да ја избришете, но претходно проверете што се сте пребарувале во менито history.google.com.

Една од најделикатните теми во работењето на Google е пласирањето на реклами базирани врз вашите наводни преференци. Вистината е дека Google креира одреден виртуелен профил за вас врз база на посетените страни, нивните содржини, домејни, како и навиките при отворање на социјални мрежи и пребарување во Google Search. Кога ќе се собере н.з.с. Google ви пласира реклами кои смета дека би биле од ваше поле на интерес, но тоа не функционира секогаш најдобро и рекламите се нападни. За да проверите како ве таргетира Google одете во менито google.com/ads/preferences/. Рекламите не може да ги исклучите, освен да го прекинете пласманот според вашиот профил.

Google-security

Многу побезболна и покорисна алатка е следењето на сите ваши електронски уреди кои ги користите со регистрирање на профилот на Google. Ова е добра опција која побрзо и полесно ќе ви овозможи синхронизација на сите сервиси кои ги користите, како и да пристапите до документите, споделените фајлови и апликациите од било кој уред. Доколку имате некакви дилеми за регистрацијата на различни уреди проверете во менито security.google.com/settings/security/activity каде може да видите кога сте се логирале и е добар начин да дознаете дали некој ви го пробил профилот.

google_free_app

Користењето на апликации за смартфон од Play Store или за десктоп бара да овозможите пристап и дозвола за одредени информации на уредот и прилагодувања за мултимедија. Истите се неизбежни и доколку се сомневате дека одредена апликација бара дозволи кои се надвор од нејзината функција може да проверите во менито security.google.com/settings/security/permissions.

За на крај овозможена е и опција за отстранување на вашите податоци и активности на интернет кои се бележат под одредени услови на сервиси како YouTube, потоа обележувањето на омилени веб страни, контакти од профилот и синхронизација со надворешни апликации, обележани датуми и настани во календарот и многу други. Истите може да ги прекинете во менито google.com/takeout.