Wednesday, Jun 28, 2017
HomeАНТИСТРЕСВашата омилена раса на куче кажува многу за вас

Вашата омилена раса на куче кажува многу за вас

Вашата омилена раса на куче кажува многу за вашиот карактер. Сте ја слушнале изреката дека кучињата си личат со сопствениците. Вистината е дека си бираме куче според нашиот карактер.

1. Булдог
Ова мало куче е одлучно, упорно и не отстапува од она што му е на ум. Сопственикот на оваа раса е срдечна личност и сака да се смее. Умее да биде и тврдоглава личност. Доколку сте љубител на оваа раса вие сте упорни и методични во извршувањето на обврските и задачите. Вие се романтична и чувствителна личност.

2. Териер
Станува збор за весело и енергично куче. Љубителите на оваа раса се флексибилни и прилагодливи личности кои со леснотија ги извршуваат задачите. Доколку ова е вашето омилено куче вие сте храбра личност која сака предизвици. Умеете добро да комуницирате, друштвени сте и имате смисла за хумор.

3. Лабрадор или ретривер
Оваа раса е дружељубива со добар и стабилен карактер. Ако токму оваа раса е вашето омилено куче вие сте личност која на прво место ги става најблиските. Вие сте чесна, срдечна и дружељубива личност.

4. Бигл
Оваа раса е прилично енергична. Нејзините сопственици се отворени личности кои сакаат животни предизвици и искуства. Овој тип на луѓе се вистински пријатели кои понекогаш умеат да бидат по малку и злобливи.

5. Мали раси
Станува збор за оние екстремно мали видови на кучиња како што се пинчовите и чивавите. Овие раси се забавни и интересни. Доколку сте сопственик или љубител на некоја од овие раси вие сте весела, искрена и отворена личност. Сакате патувања, дружење и умеете да се забавувате во секоја ситуација. Секогаш внимавате на својот изглед.
kuce3
6. Боксер
Ова е енергично и силно куче со кое никогаш не ви е досадно. Љубителите на оваа раса живеат со полни гради и секогаш се весели и разиграни. Секогаш се во движење и акција. Лесно склопувате нови пријателства.

7. Кокер шпаниел
Ова малечко куче е прилично позитивно и нежно. Доколку сте љубител на оваа раса вие сте срдечна личност во која секој може да има доверба. Колку и да имате обврски на работното место вие секогаш ќе најдете време и простор за вашите најблиски.

8. Германски овчар
Прилично силни и верни кучиња. Доколку вие поседувате вакво куче или пак сакате да поседувате, вие умеете да бидете вистински и искрен пријател. Вие сте секогаш верни на партнерот и подготвени сте да сторите се за оние кои тоа го заслужуваат.

9. Ротвајлер
Станува збор за храбри и тврдоглави кучиња. Сопствениците на оваа раса се полни со самодоверба, умеат да бидат вистински пријатели и партнери. Иако најчесто се пасивни по природа, доколку се најдат во незгодна ситуација умеат нагло да избувнат.
kuce
10. Мопс
Луѓето кои го сакаат овој тип на куче се весели и позитивни личности кои обожуваат да бидат во големи друштва, да уживаат и да бидат опуштени. Овие личности знаат да бидат искрени и со оние кои не им одговараат по карактерот и однесувањето.

11. Доберман
Кучиња со цврст карактер. Личностите кои ги преферираат овие кучиња се организирани и сакаат се да работат по план и ред. Вредни се и решителни и секогаш ги остваруваат целите кои си ги поставиле, но секогаш на префинет и софистициран начин.

12. Сибирска хаска
Оваа раса е енергична и позитивна. Доколку сте сопственик на оваа раса или пак посакувате да имате вакво куче, вие сте љубител на спортот и активностите без разлика на тоа дали сте сами или во тим. Понекогаш имате силни ставови кои ве прават тврдоглави, но длабоко сте прилично чувствителни.

13. Мешанци
Иако по карактер се прилично различни нема едно мешанче кое не е позитивно. Сопствениците на овие кучиња се со отворен ум, грижливи се и позитивни. Не се оптеретуваат со големи планови и неважни работи. Уживаат во она што животот им го нуди.