HomeДЕНЕШНАСвет„Вашингтон Пост“ ја поддржа Хилари Клинтон

„Вашингтон Пост“ ја поддржа Хилари Клинтон

Американскиот магазин „Вашингтон Пост“ ја изрази својата поддршка за кандидатурата на Хилари Клинтон за претседател на САД. Како што наведуваат тие во своето соопштение, причините се однесуваат за нејзината компетентност и алармантното предвидување за можноста да биде избран за претседател Доналд Трамп.

„Хилари Клинтон има потенцијал да биде одличен претседател на САД и ние ја поддржуваме во нејзината кампања“, стои во текстот кој го објави магазинот „Вашингтон Пост“, додавајќи: „Не, ние не изразуваме поддршка за Хилари Клинтон само затоа што нејзиниот главен ривал е ужасен“.

Американскиот лист ја опиша уште Клинтон како „одлучна, цврста и паметна“, признавајќи ги и многуте нејзини лични и политички грешки од минатото, за кои тврди дека сепак ги надминала благодарение на своите квалитети. „Таа не дозволува чувствата да застанат на патот по кој се води. Способна е да ја изврши оваа работа“, стои во соопштението на „Вашингтон Пост“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com