HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВардар со победа над Пелистер во најголемото дерби во Македонија

Вардар со победа над Пелистер во најголемото дерби во Македонија

foto2-194

Вардар со победа го затвори 17то коло во првата Македонска лига. Во доста тензичен натпревар пол со прекини Вардар успеа преку Фелипе во 9та минута да ги однесе сите 3 поени во Скопје. Пелистер после низата од 7 натпревари конечно прими гол и ја прекина одличната низа, снежниот терен под Тумбе Кафе не беше проблем за фудбалерите да покажат одлична игра. Домашните навивачи не беа задоволни од судиската 3ка на чело со Ставрев па така во првиот дел од натпреварот вториот помошник Костадинов беше погоден со снежна топка во главата па така натпреварот беше во прекин околу 15 минути. Во вториот дел Пелистер не успеваше да постигне гол што резултираше со незадовоство кон судијата при што имаше краток прекин кој се заврши без големи последици.

Работнички лесно ја совлада екипата на Победа во Скопје иако гостите први постигнаа гол и дадоа до знак дека не се дојдени да се предадат толку лесно. На полувреме одиграа 1-1, во вториот дел Работнички за 3 мин постигна два погодоци и го реши натпреварот во своја корист.

Во дугите натпревари вице шампионот Шкендија лесно го совлада нивниот сосед Ренова со 2-1 на гостински терен. Силекс во Кратово ја дочека екипата на Шкупи која дојде со нов тренер Ардијан Нухију асистентот на претходниот тренер Висар Ганиу, но неуспеа да извеле поволен резулетат па си заминаа со минимален пораз од 1-0 им пресуди Недељкович во 65 мин. Македонија Ѓорче Петров и Брегалница од Штип одиграа добар натпревар со видени 4 гола. Натпреварот заврши 2-2 и се приближија на Победа во борбата за опстанок но ако сакат да излезат од оваа криза ке мора да започнат да победуваат.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com