Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВардар се засили со бразилец

Вардар се засили со бразилец

 

Бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе е најновото засулување на Вардар во пресрет на новата сезона. Одличниот среден играч доаѓа од ЦСКА Софија, додека во кариерата има настапувано и за најдобриот бразилски клуб Сантос. Тој ќе претставува огромно засилување во средниот ред на вардарци во пресред на натпреварите од Лигата на Шампионите. juan felipe promocija za tekst

„Потекнувам од фудбалската школа на Сантос во која минав осум години. До лани играв во Бразил, и сметав дека е време да заминам во Европа каде што се игра најдобриот фудбал. Се договорив и потпишав за ЦСКА Софија. На почетокот беше добро, но потоа се искомплицираа работите и сега најдов нов клуб”, изјави Фелипе за интернет страницата на Вардар.

Тој стави потпис на едногодишен договор и се очекува да внесе свежина и креативност во офанзивниот дел од средниот ред.