Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВардар против Шкендија – актуелниот шампион го освои дербито

Вардар против Шкендија – актуелниот шампион го освои дербито

Македонскиот шампион Вардар во второто коло од Првата македонска фудбалска лига успеа да победи во дербито против Шкендија со резултат од 1:3.

„Црвено-црните“ го решија натпреварот во последните минути од мечот кога успеаја да постигнат два гола. Ивановски ја отвори серијата на голови, за две минути подоцна противникот израмни на 1:1 преку голот на Радески. Kрајот на натпреварот го закитија головите на бразилецот Фелипе во 85-та минута и Ромеро во 90-та.

Вардар со вкупно 4 поени и Шкендија со 3 ја завземаат втората, односно третата позиција на табелата. Предводник е Силекс кој забележа 2 победи од почетокот на фудбалската сезона.