Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометВардар по третиот трофеј во СЕХА лигата

Вардар по третиот трофеј во СЕХА лигата

Од денеска почнува финалниот турнир на СЕХА ракометната регионална лига, и почнува борбата за нов освојувач во СЕХА лигата. После регуларниот дел од првенството, место во најдобрите четири изборија Вардар, Веспрем, Мешков Брест и Загреб. Домаќин оваа година на завршниот турнир е Белорусија односно, Мешков Брест.

Од основањето на регионалната лига (2011), шампиони беа еднаш ракометарите на Загреб, а два пати тоа и успеа на тимовите Вардар и Веспрем. Домаќините Мешков Брест два пати играа во финалето но загубија. Минатогодишната титула ја освои унгарскиот тим Веспрем.

Вардар денес со почеток од 18,30 против Загреб ќе го брка финалето каде би се надевал на третиот трофеј во ова регионално натпреварување.