Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВардар непоразен се прости од настапите во Европа

Вардар непоразен се прости од настапите во Европа

Вардар прикажа многу поквалитетно лице на домашен терен против АПОЕЛ, со поголем број на шанси и теренска иницијатива, но една мала грешка во второто полувреме беше доволна за Де Винсенти да постигне лесен гол. Тоа значеше дека Вардар мора да брка два гола бидејќи планот за „нула“ пропадна. Се до судиското продолжение се чинеше дека е загубено, но во едно нафрлање од Попов и мешаницата пред голманот Вотерман најснаодлив беше Љамчевски кој ја протна топката во мрежата.

До крајот се играа уште две минути, но вардарци немаа сили за целосен пресврт. Вардар на овој начин достојно се прости од Европа, што наиде на голема подршка од домашните навивачи кои го проследија натпреварот мирно и без инциденти.

apoel-fanovi-grcko-zname

Пред почетокот на средбата малата група на гостински навивачи се обиде повторно да испровоцира со истакнување на грчки знамиња, но редарската служба интервенираше навремено и спречи било какви инциденти.