Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВардар непоразен – Пачовски играч на мечот

Вардар непоразен – Пачовски играч на мечот

Црвено-црните имаа солидно претставување на гостувањето во Кипар и не му дозволија на фаворитот АПОЕЛ да постигне гол, а херој на вардарци секако е голманот Томе Пачовски кој имаше фантастични интервенции на крајот на првото полувреме и една блескава парада во вториот дел.

Вардар немаше голем број на обиди за совладување на противничкиот гол, а со влегувањето на Стојков во 75-тата минута нападот стана посериозен и гостите стравуваа од можна контра, па почнаа да тактизираат.

Натпреварот во Кипар секако, не помина без провокации, како на теренет со мали кошкања каде најмногу во фокусот беше дефанизивецот Попов кој беше удрен и со предмет од публиката, а на трибините имаше и националистички пароли против Македонија.

fk vardar2

Реваншот ќе се одригра следната вторник во Скопје на Националната арена Филип Втори каде Вардар ќе се обиде да постигне гол и да продолжи со квалификациите за групната фаза на Лигата на Шампиони.