Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаВардар го исфрли телото на детето што падна во Треска

Вардар го исфрли телото на детето што падна во Треска

Вчера беше извадено тело на двегодишно дете од водите на Вардар, во центарот на градот во близина на зградата на Министерството за надворешни работи. Од МВР информираат дека се работи за детето кое пред неколку дена падна во реката Треска.

Мајката го идентификувала телото, а била направена и обдукција. Неофицијално, станува збор за несреќен случај.

Детето паднало во Треска, додека си играло покрај реката кај Чичино село. Мајката го пријавила случајот во полиција, а иако се трагаше по детето, тоа не беше пронајдено се додека реката сама не го исфрли телото.