Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВаран го пропушта финалето од Лигата на шампионите

Варан го пропушта финалето од Лигата на шампионите

Рафаел Варан ќе го пропушти финалето од Лигата на шампионите поради повреда на тетивата, потврди Реал Мадрид на својот официјален сајт. Францускиот фудбалер нема да стигне да се опорави за натпреварот во Милано со Атлетико Мадрид, а постои шанса да го пропушти и предстоечкото Еропско првенство кое зпаочнува на 10 јуни.

Како што соопшти Реал, Варан оваа повреда ја заработил на тренинг, а ваков тип на повреда бара опоравување од неколку недели. Натрпеварот помеѓу Реал и Атлетико Мадрид е на програма на 28 мај во 20 и 45 минути.