Friday, Apr 19, 2024
HomeГИГА БАЈТХај текVanMoof е најмоќниот електро-велосипед

VanMoof е најмоќниот електро-велосипед

Холандскиот стартап VanMoof креираше нов модел на електричен велосипед Electrified S кој има далеку подобар дизајн и конструкцијата е многу поприродна со традиционалните велосипеди со тоа што сите делови за електричниот мотор од 250 вати, батеријата и конекциите се подобро вклопени и не додаваат на тежина, а го задржуваат убавиот и компактен изглед.

Токму затоа Electrified S го доби епитетот Tesla на електро-велосипедите како еден од најпаметните со можност за поврзување со смартфон за навигација, мерење на дистанца и многу модерни услуги обезбедени од два вградени микро компјутери. Electrified S е многу практичен и ќе чини 3000 долари.