Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВанхауте во последна мисија да ги седне партиите

Ванхауте во последна мисија да ги седне партиите

Медијаторот Питер Ванхауте утринава ги свика на разговори работните групи на политичките партии за изнаоѓање решение за прочистување на избирачкиот список што беше главен мотив опозицијата во петокот да најави дека нема да излезе на избори во април бидејќи не се исполнети сите договорени реформи од Пржино. Исто така ќе се разговара и за функционирањето на Државната изборна комисија и нејзините надлежности пред, за време и по изборите.pregovoriСе уште е рано да се даваат прогнози за исходот од овие обновени разговори со оглед на тоа дека во петокот и покрај огромниот притисок од ЕУ политичкиот дијалог доживеа целосно фијаско и повлекување на СДСМ. Притисокот врз опозицијата продолжува да расте со се позасилена пропаганда да се излезе на избори, а сите кои влегоа во овој процес очекуваат и сигнал како ќе се продолжи понатаму и кои се главните политички цели.