Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиВанхауте се сретна со новинарите – МРТВ, МИА и агенцијата за медиуми мора да претрпат промени

Ванхауте се сретна со новинарите – МРТВ, МИА и агенцијата за медиуми мора да претрпат промени

Питер Ванхауте денеска во Клубот на пратеници се сретна со новинарите со цел да ги слушне нивните мислења за подобрување на состојбата со медиумите во државата. Иако кажа дека ЕУ веќе има истакнато осум приоритети за продобрување на состојбата во медиумите, тој ги замоли новинарите еден по еден да ги кажат и своите решенија, а потоа да дебатираат за веќе поставените.

Ванхауте кажа дека приоритетите на ЕУ се да се намали насилството врз новинарите, пристап до информации, да се намали клевета врз новинарите, да нема политички рекламирања, промени во агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, промени во јавниот сервис, да нема владини реклами во медиумите, промени советот за етика и советот за саморегулација на медиумите.
vanhauteНајголемиот дел од решенијата на новинарите, слично како и на Европската Унија беа независен јавен сервис, реформи во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиуми, како и во советот за саморегулација на медиумите. МРТВ, Агенцијата за медиуми и МИА се институциите што во наредниот период ќе треба да се реформираат, а најверојатно ќе претрпат промени во раководните тимовите, согласно Договорот од Пржино.

Според новинарите, ова е проблем кој не може да се реши преку ноќ, но сепак е решлив. Тие истакнаа дека промените мора да се случат пред изборите во април, со цел Македонија да има целосно независни избори и независно известување за нив. Сепак состанотокот поминал во тензична атмосфера бидејќи присутните не можеле да ги заобиколат партиските препукувања.

Партиите начелно се договорени оваа тема да биде затворена до 20 овој месец, а работната група ќе продолжи да работи и утре.