Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиВанхауте се обиде да воспостави ред во медиумите, ДПМНЕ незадоволни ги напуштија преговорите!

Ванхауте се обиде да воспостави ред во медиумите, ДПМНЕ незадоволни ги напуштија преговорите!

Преговорите се во прекин. Владеачката партија го напушти процесот бидејќи им биле игнорирани предлозите.

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да замине од зелената преговарачка маса, незадоволни од одлуките и одбивањето на нивните предлози. Посредниокот во преговорите, добропознатито, Ванхауте изрази надеж дека владејачката партија ќе смогне сили и разум да се врати во преговорите.

Неговиот предлог предвидува членовите на регулаторното тело да се избираат со двотретинско мнозинство во Собранието. Услов за кандидатура е да се добие поддршка од две невладини организации, или од новинарско здружение или асоцијација, или од синдикат на новинарите, или од два соодветни универзитети. Мандатот да им биде пет години со право на реизбор. И да бидат ангажирани со цело работно време. Сегашните надлежности на директорот на Агенцијата да бидат префрлени на Советот. Директорот на Агенцијата да има извршна функција и да одговара за функционирање на Советот и да биде именуван од него. Неговиот мандат да биде, исто така, пет години со право на реизбор.

Намерата на меѓународната заедница е да се воведе и институтот дијалог и предупредување пред да се додели казна, како последна фаза за одредено прекршување што ќе го направи медиумот.

Според предлогот на сличен начин ќе бидат избирани и членовите на Советот на МРТВ, а буџетот на јавниот сервис да биде еден процент од државниот буџет. Се предлага и намалување на данокот за комерцијалните телевизии од 18 на 5 отсто.

Власта и опозицијата имаат дијаметрално спротивни ставови во однос на концептот на Ванхауте. За ВМРО-ДПМНЕ, предлозите на Ванхауте се неприфатливи. Според нив, станува збор за решенија какви што нема во ниту една европска држава. „Не треба да експериментираме туку ако не можеме да се договориме на разумна основа, едноставно да преземеме некој европски модел“, велат од владејачката партија. Од друга страна, од СДСМ се со став дека моделот на Ванхауте во најголема мера е во согласност со нивните предлози.