Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВанхауте до Груевски: Кога некому не му се допаѓа пораката, го убива гласникот!

Ванхауте до Груевски: Кога некому не му се допаѓа пораката, го убива гласникот!

Европската Унија му дава целосна поддршка на олеснувачот на преговорите Питер Ванхауте во обидите да се спроведе договореното од Пржино, вака звучи реакцијата од Европската Делегација, по обвинувањата кои премиерот Груевски ги упати кон посредникот. Груевски посочи дека Ванхојте е само извршитен на одредена агенда и дека го одмага преговарачкиот процес.
Од друга страна, пак, Брисел потенцира дека посредникот е искусен експерт со важна улога во решавањето на политичката криза.

„Целосно ги поддржуваме напорите кои ги прави Ванхауте за имплементација на Договорот од 15 јули. Како делегација убедени сме дека експертите како Питер се дел од суштинска важност во ситуацијава.“ – стои во одговорот од Делегацијата на ЕУ.

Премиерот во заминување, Никола Груевски, во интервјуто за интернет сервисот „Прес 24“ упати сериозни критики и обвинувања кон Ванхауте, како посредник, при што го посочи како извршител на сопствена агенда, кој како што посочи Премиерот, зема дебели дневници, а не помага во преговорите туку напротив провоцира. Водејќи се од ова, Груевски, вели дека не ја гледа поентата на останувањето на Ванхауте во преговортите.

Се јави и посредникот, Ванхауте во изјава за телевизијата „24 Вести“ објасни дека тој е дојден тука со мисија да помогне и сите напори кој тој ги вложува се во насока на постигнување на резултати, но очекува повеќе инволвираност и политичка волја. Запрашан дали до него допираат сериозните напади од Премиерот, Тој вели:

„Нема да коменатирам многу. Само сакам да кажам кога некому не му се допаѓа пораката , го убива гласникот. Мојата работа тука е да создадам пријатна атмосфера. Тука сум да постигнам резултати, согласно европските вредности и стандарди. За некои луѓе ова можеби е проблематично, но исто така верувам дека постои само еден начин за напредок кон интеграција во НАТО и ЕУ. Треба барем да се биде проактивен и да се покаже политичка волја дека сте подготвени и активни да имплементирате се што е потребно да се постигнат резултати за интеграција во НАТО и ЕУ.“

Не е прв пат Премиерот на државава да упатува обвинувања кон Ванхауте, од тврдења дека ја влошува работната атмосфера на работните групи па до тоа дека посредникот користел и навредлив речник кон преговарачите, поради што партијата на Премиерот Груевски ги напуштила преговорие…
Инаку Никола Груевски својата демисија од функцијата се очекува да ја обелодени до крајот на оваа година, по што според законот, ќе треба да се формира техничка влада најдоцна до 15ти Јануари догодина.
Досега неколку теми беа камен на сопнување на политичките партии во преговорите кои се одржуваат во Клубот на Пратеници во Скопје, а како најкритични и актуелни се преговорите за составот на ДИК и прашањето за медиумите.


Н.С