Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВангеловски во Судот во Гевгелија го проверувал АКМИС системот

Вангеловски во Судот во Гевгелија го проверувал АКМИС системот

Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија Јово Вангеловски и раководителот на Службата за информатика на Врховниот суд вчера биле во работна посета на Основниот суд Гевгелија за да извршат контрола на функционирањето на АКМИС системот.

– По добивањето на извештајот од анализата на функционирањето на АКМИС системот ќе бидат донесени соодветни заклучоци, за кои јавноста ќе биде информирана, соопштија денеска од Врховниот суд.

Ваквиот тип на работни посети, како што истакнуваат, се планирани во наредниот период во сите судови во Република Македонија.

Од Врховен наведуваат дека се работи за вообичаени активности во насока на подобрување на функционирањето на АКМИС системот.