Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВангеловски на кафе со Есад Рахиќ

Вангеловски на кафе со Есад Рахиќ

До редакцијата на Позитив стигна фотографија на која средба имаат претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски и поранешниот пратеник и „теренец“ на СДСМ Есад Рахиќ. Засега нема информации дали средбата била официјална меѓу претставник на судската власт и претставник на партијата која претендира да ја предводи новата влада и за што точно се разговарало, или пак станува збор само за обична кафе дружба.