Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВангелов се правда дека се го местеле

Вангелов се правда дека се го местеле

Злоупотреби со автоматизираниот систем за управување со судски предмети (АКМИС) не вршел јас, туку првите луѓе на двата најважни суда во Македонија, експретседателка на Врховниот и поранешен претседател на Основниот суд Скопје 1, рече во телефонски разговор за 24Вести претесдателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Вангеловски тврди дека има информациидека дека еден претседател на кривичен суд и една претседателка на врховен правеле рачна прераспределба на судиите. – Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски ќе дозволи експертски тим да влезе во Врховниот суд и да испита дали имало злоупотреби со АКМИС системот за електронска распределба на судските предмети по случаен избор, откако министерот за правда Биљен Саљији вчера го прозва дека само тој не дал позитивен одговор за контролата.

Вангеловски тврдеше дека системот всушност година дена не е одржуван, бидејќи фирмата што го одржувала се повлекла, ќе треба сепак да објасни како се распределувале предметите кај судиите и како кај некои месечно се паѓале по еден, а кај други, и по повеќе од десет судски предме

„Ќе му дадеме целосна поддршка на експертскиот тим. И јас се согласувам дека мора да се направи контрола на системот дали имало злоупотреби. Јас лично потенцирав и на средбата со Прибе му кажав, дека мора да се провери дали прераспределбата била електронска и претходно. Имам информации дека еден претседател на кривичен суд и една претседателка на врховен правеле рачна прераспределба на судиите“, изјави Вангеловски.

Министерот Саљији вчера кажа дека формирал посебен тим да изврши увид во системот за управување со судски предмети (АКМИС) за да се утврдат евентуални злоупотреби, но позитивен одговор добил од Судскиот совет и Кривичниот суд, но не и од Врховниот суд.

„Една од значајните активности на Министерството за правда во овој месец е започнување со увид во системот за управување со судски предмети (АКМИС), за утврдување на евентуална злоупотреба и одговорност поради што е формиран посебен тим. За реализацијата на оваа активност, позитивно се огласија Судскиот Совет на Република Македонија и Основниот Суд Скопје 1, но се уште нема одговор од страна на Врховниот Суд“, изјави министерот Саљији на прес-конференција по повод 100-те дена Влада.