Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВандалски протести во Тирана – се бараше оставка на Еди Рама

Вандалски протести во Тирана – се бараше оставка на Еди Рама

Неколку илјади опозициски демонстранти направија хаос во Тирана. Десничарските партии бараа оставка од премиерот Еди Рама. Некои од демонстрантите фрлале камења и димни бомби во зградата на албанската влада. Откако демонстрантите заминаа, оставија зад себе целосно уништен влез на бункерот – музеј кој е во близина на Владата, но и искршени прозори на владиниот објект.

„Владата на Рама треба да си замине, оваа влада е корумпирана и дојде време да ја исфрлиме”, рече во обраќањето пред насобраните Љуљзим Баша, лидер на албанската Демократска партија која го организира протестот. Тој исто така, рече дека социјалистите ја носат земјата во пропаст и дека неопходно е за да се спаси Албанија со формирање на техничка влада и предвремени избори.

tirana2По протестите се огласи и премиерот. Тој истакна дека опозицијата само покажала дека има вандалски начин на протести и додаде дека не се одбележува 25 годишнината од ослободувањето од диктаторскиот систем на Енвер Хоџа, со вандалски протести.

Владата на Еди Рама освои победа над Демократската партија за време на изборите во 2013 година. Оттогаш опозицијата ја обвинува власта за корупција и зголемена сиромаштија во земјата.