HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВан Перси доби големо признание од Премиер лигата

Ван Перси доби големо признание од Премиер лигата

Неговиот погодок од времето кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед прогласен е за најдобар во новата ера на англискиот фудбал. Веројатно сите се сеќавате на погодокот кој Ван Перси во 2013 година го постигна против Астон Вила. Тој погодок беше прогласен за најдобар гол во ерата на Премиер лигата. Во предвид се земени сите погодоци поситгнати од играчи кои во ова натпреварување постигнале 100 или повеќе од 100 погодоци.

„Ова е голема чест за мене, Премиер лигата е најтешка во светот. Кога е ваков гол во прашање не размислувате многу, само сакате да извлечете најмногу од ситуацијата и чекате да видите што ќе се случи. Секако, потребна ви е и доза насреќа“, изјави Робин Ван Перси.

Во продолжение погледнете го прекрасниот погодок на Робин Ван Перси против Астон Вила април, 2013 година:

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com