Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВан Хол ќе се развива со уште 400 нови вработени

Ван Хол ќе се развива со уште 400 нови вработени

Ван Хол како еден од најобемните странски инвеститори во Македонија има раст на бизнисот и најавени се 400 нови работни места со дополнителна инвестиција од 15 милиони евра во веќе постоечкиот производствен капацитет во индустриската зона Скопје 1.

Производителот на автобуси со доминантен капитал од Белгија, преку сопственикот Филип Ван Хол го потшиша и новиот договор за реализација на втората инвестициска фаза со директорот Виктор Мизо директорот на ТИРЗ и Филип ван Хол. Со најавеното зголемување на капацитетите, Ван Хол ќе има најголем индустриски капацитет во државава со над 72 илјади квадратни метри.