HomeАНТИСТРЕСЖурки„Ван Гог“ го затворија 13 издание на Велешката питијада (ГАЛЕРИЈА)

„Ван Гог“ го затворија 13 издание на Велешката питијада (ГАЛЕРИЈА)

Изминатите три дена во Велес се одржа 13-то издание на традиционалната Велешка питијада која повторно ги собра велешките угостители на едно место да ни ја понудат својата вкусна пита и доброто вино. И оваа година на старата локација пред кафетериите, на улицата „Благој Ѓорчев“ во Велес посетителите можеа да уживаат во добрата храна и богатата музичка програма. Како главни ѕвезди на трите вечери оваа година беа Каролина Гочева, Жељко Јоксимовиќ и групата „Ван Гог“.

Првата вечер посетителите можеа да уживаат во настапот на нашата изведувачка Каролина Гочева, во саботата забавата ја правеше Жељко Јоксимовиќ, а вистинска сензација и фантастично затварање на Велешката питијада ни приреди славната српска рок група „Ван Гог“. Последната вечер ја отвори бендот „The Chicks“, потоа следеа настапите на „Eye Cue“, „Нокаут“, „ДНК“ и за крај „Ван Гог“.

1

2

3

4

Вкусната велешка пита, доброто вино и одличната музика беа предуслов за она што следеше подоцна, настапот на „Ван Гог“. Енергични, позитивни, насмеани ја ширеа позитивната енергија меѓу бројната публика која уживаше во големите добро познати хитови на оваа група.

61

6

8

Публиката беше воодушевена, а групата „Ван Гог“ уште еднаш ја покажа својата величина и навистина се покажа како вистински избор на организаторите за затворањето на ова 13 издание на Велешката питијада.

5

img_5612

posledna

Автор: Михаило Донев
Фотографија: Ристе Донев

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com