HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВан Гал пронајде ангажман во Бундеслигата?!

Ван Гал пронајде ангажман во Бундеслигата?!

Холанѓанецот после пет години би можел да се врати во германскиот фудбал. Луис Ван Гал се наоѓа на мета на Вердер Бремен, пренесуваат германските медиуми. Клубот моментално поминува низ тежок период, се наоѓа на последно место на табелата, без поени со четири порази во првите четири кола. Управата на клубот нема трпение за Нури Александер и сака да го ангажира Ван Гал и да опстане во Бундеслигата.

Инаку, Ван Гал од 2009 до 2011 година седеше на клупата на Баерн Минхен, а без ангажман е од летото кога доби отказ од Манчестер Јунајтед. Ван Гал во својата кариера ги водеше клубовите на Ајакс, Барселона, Аз Алкмар и со сите тие тимови го освојуваше националното првенство, освен со Јунајтед со кој освои само ФА Куп. Исто така ја предводеше и селекцијата на Холандија до полуфинале на Светското првенство 2014.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com