Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВан Гал: Не сум загрижен за напаѓачката линија на мојот тим

Ван Гал: Не сум загрижен за напаѓачката линија на мојот тим

Трансфер сезоната за Манчестер Јунајтед е и повеќе од успешна. Иако се потрошени речиси 100 милиони евра за нови засилувања, тренерот на „црвените ѓаволи“, Луис ван Гал најави нови изненадувања и нови играчи кои ќе се придржуат на Олд Трафорд.

На прашањето за тоа каков играч би бил донесен во тимот, со оглед на тоа што двајца напаѓачи (Ван Перси и Фалкао) го напуштија Јунајтед, а предвидено е на крајот од месецот да се врати Чичарито од Реал Мадрид, менаџерот изјави:

„Го имаме Вејн Руни, тој може да игра на позицијата централен напаѓач. Токму вие медиумите говоревте дека Руни треба да игра во нападот, затоа веќе не знам што сакате. Покрај тоа, го имаме Чичарито, го имаме Вилсон, а можеби ќе има и едно изненадување. Јас не сум воопшто загрижен за напаѓачката линија.“

Покрај тоа, за враќањето на Чичарито додаде: „Тој ќе има шанса да се докаже, а неговата задача сега ќе биде многу полесна по заминувањата на Фалкао и Ван Перси.“