Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВаландово во нов обид референдумски да се спаси од рудникот

Валандово во нов обид референдумски да се спаси од рудникот

Граѓаните на Валандово успеаја да ги соберат потребните 2000 потписи со кои може да се распише референдум за изјаснување дали се за или против изградба на рудникот Казандол.

„Почитувани граѓани на Општина Валандово, Ве известуваме дека потребните потписи за покренување на граѓанска иницијатива се собрани во рекордни 3 часа, посочија од иницијативата „Спас за Валандово“.

Еколошките здруженија апелираат дека рудникот ќе ја загади околината, штетно ќе влијае врз здравјето на луѓето, а постои и опасност од загадување на земјоделското земјиште со што голем број на земјоделци може да го изгубат единствениот извор на приход.

За Казандол идниот месец ќе се изјаснуваат и жителите на Богданци, кои на последната седница донесоа одлука за одржување референдум за или против рудници. Советот на оваа Општина, за разлика од тој во Валандово, ја прифати граѓанската иницијатива за референдум.