Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕве какво време нѐ очекува за овој продолжен викенд

Еве какво време нѐ очекува за овој продолжен викенд

Денес на територија на целата држава во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви период. Попладне услови за слаб дожд во крајните северозападни и североисточни предели сос слаб југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните дневни од 14 до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе имаме услови за појава на магла и претежно облачен ден со слаб ветер од југоисточен правец . Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 22.

Во деновите од викендот што ни следува, Македонија ќе биде под влијание на циклон од Медитеранот кој што ќе услови поинтензивни врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат проследени со засилен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Локално се очекуваат да наврнат од 35 до 50 литри. Максималните температури ќе се движат од 10 до 20 степени во сабота, односно од 11 до 21 степен во недела.