HomeРЕФЛЕКТОРФотографијаВаква фотографија се прави само еднаш во животот

Ваква фотографија се прави само еднаш во животот

На некого му успева еднаш во животот, на некого ниту еднаш. Американскиот фотограф, Мајк Мезеул направи прекрасна фотографија што ги отсликува различните форми на природата. Фотографијата е сликана во Вулканскиот Национален Парк на Големиот Остров на Хаваи, а тоа што ја прави толку уникатна и неверојатна е фактот што Мајк успеал да ги слика Месечината, Млечниот Пат, метеор и река од вулканска лава. И сето тоа во една слика.
lava
„Буквално бев во шок. Сонцето само што заоѓаше и кога го забележав метеорот знаев дека тоа е фотографијата што морам да ја направам”, вели тој за Хафингтон пост.

Тоа што Мајк го направил потоа е навистина храбро – пешачел повеќе од 20 километри низ дивината, а кога стигнал сфатил дека има само неколку секунди за фотографирање затоа што постоел огромен ризик да го проголта лавата. За среќа, Мајк е добро, а ризикот навистина му се исплател затоа што фотографијата е неверојатно убава и единствена.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com