Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВакцината против рак на белите дробови пристигна во Србија

Вакцината против рак на белите дробови пристигна во Србија

Кубанската вакцина против рак на белите дробови пристигна во Србија. Од наредната недела околу 30 пациенти кои се во потешка фаза од болеста ќе почне да ја примаат оваа тераписка вакцина за која научниците од Куба тврдат дека го забавува ширењето на малигните клетки и го продолжува животот на болните од рак на белите дробови за 2 до 5 години.

Вкупно 1680 дози кои интервентно се увезени во Белград се кубанска донација. Тестирањето ќе се врши во три српски здравствени установи и ќе трае 2 години. Вакцината не е регистрирана никаде во Европа, а лекувањето на пациентите во Србија е доброволно. Треба да потпишат писмена изјава пред да ја добијат вакцината.
vakcina rak– Се дава на пациенти во трет и четврти стадиум од болеста каде нема никаква друга тераписка алтернатива, изјави Марија Дарковска Серафимовска, директор на Агенцијата за лекови на Македонија.

Македонската агенција за лекови ќе ја следи состојбата со примената на кубанската вакцина против рак на белите дробови во Србија. Не ја исклучуваат можноста доколку се покаже ефикасна кај соседите истата да биде набавена и кај нас.

Поради големиот интерес за вакцината српските здравствени власти најавија дека во наредниот период во тестирањето ќе вклучат и пациенти од регионот вклучувајки ја и Македонија, но засега можноста за подолг живот ќе ја имаат само 30 срби кои имаат потешка форма на рак на белите дробови.