HomeДЕНЕШНАСветЈужнокорејците излегоа на протести, бараат оставка на претседателката

Јужнокорејците излегоа на протести, бараат оставка на претседателката

koreja-demonstranti-s

Повеќе десетина илјади демонстранти излегоа на улиците во градот Сеул барајќи оставка на претседателката на Јужна Кореа Парк Гуен Хје. Во текот на изминатите четири седмици во Сеул беа организирани протести на кои претседателката се повикува да поднесе оставка откако е започната истрага против нејзината пријателка и сорботничка Чои-Су-Сил. Според проценките на организаторите на протестите денес учествувале околу 300.000 лица.

Чои Су-сил немала официјална функција, но се верува дека го искористила своето влијание да ги натера препријатијата да донираат милиони долари на две фондации кои таа ги контролирала. Медиумите пишуваа дека нејзиното влијание било уште поголемо, односно дека помагала во изборот на помошници и гардероба за претседателка.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com