HomeДЕНЕШНАСветЈужна Кореја со план за елиминација на Ким Џонг-ун

Јужна Кореја со план за елиминација на Ким Џонг-ун

Елитните сили на Јужна Кореја се подготвени да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, доколку Сеул почувствува дека е загрозен поради нуклеарното оружје на Пјонгјанг, објави денеска Си-Ен-Ен.

Телевизијата се повикува на јужнокорејскиот министер за одбрана, Хан Мин-ку, кој во средата запрашан дали постои некоја единица на специјални сили кои би можела да го ликвидира Ким одговори: „Да имаме таков план“.

– Јужна Кореја има подготвено план и идеја да насочиме прецизни ракети кон непријателот, како и да го елиминираме нивното раководство, посочи Хан.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com