HomeДЕНЕШНАСветЈужна Каролина евакуира половина милион жители поради силен ураган

Јужна Каролина евакуира половина милион жители поради силен ураган

Гувернерката на Јужна Каролина изјави во вторникот дека прогласила вонредна состојба поради ураганот „Метју“, кој претходно усмртил три лица на Хаитите, а четири во Доминиканската Република. Властите во американската држава Јужна Каролина почначле со евакуација на повеќе од половина милион луѓе.

Се очекува ураганот во сабота да го погоди брегот на Јужна Каролина, со што јачината на ветерот ќе изнесува и до 160 километри на час. Ураганот во Доминиканската Република усмрти четири лица и оштети 200 куќи, а властите евакуирале 800 лица, соопштиле функционерите. Претходно ураганот „Метју“ на Хаитите однесе три животи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com