Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаУживајте во звуците на виолината со Вероника Мона Богиќ во Струга

Уживајте во звуците на виолината со Вероника Мона Богиќ во Струга

За сите оние кои денешниот ден ќе го поминат во прекрасната Струга не пропуштајте да присуствувате на концертот на младата виолинистка Вероника Мона Богиќ, кој ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Овој концерт е во рамките на нејзината скромна двомесечна регионална турнеја, на која ги релаксира луѓето со песни од познатите Бах, Тартини, Моцарт, Де Фалја и многу други звучни композиторски имиња.

Богиќ е родена во Белград со македонски корени, која уште од најрана возраст покажува интерес за повеќе области на уметноста. Таа пее, свири на виолина и клавир, но и слика. Нејзината кариера е збогатена со многу фестивалски и меѓународни награди