Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманУживајте во вкусот, подгответе домашни крем банани

Уживајте во вкусот, подгответе домашни крем банани

Незаменлив рецепт во кој сите уживаат, и млади и стари. Знаете да земете по едно или две со кусурот кој ќе ви остане во продавница по пазарувањето, тоа е веќе традиција. Но, сте се запрашале ли некогаш како е да земете да подготвувате крем банани на своја рака? Проследете го овој рецепт, вкусни и слатки крем банани се и повеќе од загарантирани.

Состојки:
* 200 мл. вода
* 750 гр. шеќер
* 2 кесички желатин во прав
* 1 шишенце екстракт од банана
* 100 гр. чоколадо

Подготовка:
Ставете ги водата со шеќерот да зовријат  додека не почне да пени, па оставете да се излади. Додајте го желатинот во неа, претходно добро растворен. Вратете го тенџерето со вода и желатин на шпорет и продолжете да мешајте неколку минути.

Тргнете го од оган и матете со миксерот, во исто врем додајте го и екстрактот и мешајте уште малку со миксерот. Потребни ви се и калапи по желба, премачкани со масло во кои ќе ја сипете смесата, и ќе ги ставите  во фрижидер.

На крај полијте ги со стопено чоколадо на пареа и оставете да се стврднат.

Напомена: Доколку немате калапчиња во вид на банани, истата смеса и постапка може да ја сипете во плех, па да исечете коцки.

Добар апетит.