Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветУзбекистанец е главниот осомничен за нападот во Стокхолм

Узбекистанец е главниот осомничен за нападот во Стокхолм

Шведскиот заменик главен обвинител Ханс Ихрман ги потврди извештаите дека мажот приведен за поврзаност со смртоносниот напад со камион во Стокхолм е 39 годишен Узбекистанец. Шведските власти денеска соопштија и дека човекот, чиј идентитет не го објавика, бил следен од властите претходно. Андерс Торнберг, шеф на шведските безбедносни сили, рече дека осомничениот кој беше приведен во северен Стокхолм вчера не се појавува во нивните сегашни документи, но го има во претходните, информира РСЕ.

Торнберг рече и дека безбедносната служба работи со службите од другите држави не откривајќи повеќе детали.

Претходно полицијата соопшти дека човекот приведен под „сомнение за тероризам“ е осомничен дека го возел камионот кој вчера влета во група луѓе во центарот на Стокхолм при што загинаа четири лица, а 15 се повредени.

Полицијата соопшти дека пронашла направа во возачкото седиште, но дека се уште не можат да кажат дали се работи за бомба. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.