Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаУжас во Охрид: Старец силувал седумгодишно девојче

Ужас во Охрид: Старец силувал седумгодишно девојче

Старец од Скопје кој престојувал во Охрид Т.Т. (73) вчера попладне силувал седумгодишно девојче. Случајот бил пријавен од мајката на девојчето В.М. (32) во полицисската станица во Охрид околу 13:10 часот.

Половиот напад се случил додека девојчето се враќало од училиште по улица „Климент Охридски“. Тој го викнал девојчето и извршил полови дејствија врз девојчето.

Т.Т. е приведен и задржан во полициската станица Охрид, за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.