HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЈуве ја договори и цената, пристигнува Бентанкур!

Јуве ја договори и цената, пристигнува Бентанкур!

betankur-velika496463020160810121409

Јувентус ги договори сите услови околу купувањето на фудбалерот на Бока Јуниорс. Трансферот на Родриго Бентанкур во Јувентус е само на чекор од остварување. Сите услови меѓу Јувентус и Бока Јуниорс се договорени, цената повеќе не е пречка, па останале да се договорат само уште неколку ситни детали. Уругваецот има само 19 години, а од следната сезона би требало да биде во целост фудбалер на Јувентус, а не само 50% како што се шпекулираше од порано.

Бентанкур ќе биде платен 9.4 милиони евра, а се чини дека Бока Јуниорс доби доста на овој трансфер, од проста причина што успеаја да извлечат и 50% од следната продажба на везистот. Во наредните неколку недели се очекуваат и последните преговори, а се е подготвено за трансферот на Бентанкурво Јувентус. Постои и можност тој во редовите на „Старата Дама“ да пристигне во јануари, но поголема е веројатноста тоа да се случи на лето.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com