Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУтвредена листата на кандидати за ДИК – изборот следната недела

Утвредена листата на кандидати за ДИК – изборот следната недела

Комисијата за прашања на изборите и именувањата ја утврди листата на кандидатите за членови на Државната изборна комисија. Листата се состои од 52 кандидати, вклучувајќи ги речиси сите актуелни членови на ДИК, со исклучок на претседателот на оваа институција, Никола Рилковски.

Изборот ќе биде направен следната недела, партиите имаат рок од три дена да одредат своите кандидати, а за експертите ќе се одлучува со консензус. Меѓу кандидатите се сретнуваат имињата на неколку еминентни професори, службеници во Собранието, но и името на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

Врз основа на договорот од Пржино, составот на ДИК ќе биде 3+3+3, што подразбира дека ќе има тројца членови од редовите на експертите, тројца од партиите на власт, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, еден од ДУИ и тројца членови од опозицијата, во конкретниот случај двајца од СДСМ и еден од ДУИ. Претседателот и потпретседателот ќе бидат од редовите на експертите.

Од 52 пријавени кандидати, 37 експерти, претежно правници од кои повеќето не се познати за пошироката јавност, се пријавиле за трите експертски места. За 6-те места предвидени за партиски кандидати, се пријавиле 12-мина, а тројца се пријавиле и како партиски кандидати и како експерти.