Tuesday, Jul 7, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаУтрово приведени Чавков, Мукоски и актерот Јовановски

Утрово приведени Чавков, Мукоски и актерот Јовановски

cavkov

По налог на јавен обвинител, рано утрово приведен е Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.

Приведувањето е во рамките на истрагата за насилствата од 27 април годинава во Собранието. Во тој момент, Чавков беше директор на Бирото за јавна безбедност и раководител на штабот на МВР за протестите „За заедничка Македонија“.

Покрај Mитко Чавков, според нецелосно потврдените информации, приведени се уште петнаесетина луѓе, меѓу кои пратеници и граѓани кои се најдоа на 27 април во Собранието. Тоа се, според неофицијални информации, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, пратеничката Жаклина Пешевска, пратеникот Крсто Мукоски, пратеникот Љубен Арнаудов од Охрид и други.