Monday, Apr 24, 2017
HomeСТУДЕНТУМУтре втор уписен рок на УКИМ – проверете каде има слободни места

Утре втор уписен рок на УКИМ – проверете каде има слободни места

Утре ќе се врши запишувањето на факултет за оние кои не успеале да се запишат во првиот уписен рок. УКИМ во вториот уписен рок нуди слободни места за уште 2152 студенти во државна квота, а 2138 во приватна квота, или вкупно за 5291 студент во целост.

Запишувањето ќе се врши под истите услови и критериуми и во сите категории студенти утврдени во Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на УКИМ во учебната 2015/2016 година. Целата листа на слободни места погледнете ја овде.